Голема паника се крена со поцрвенет екран на Galaxy S8
“Galaxy S8 Red Screen” е најпребаруваниот поим во последните два дена, откако беше објавена тревога со црвен екран во Јужна Кореја. Имено, корисниците мислеле дека екранот на телефонот има фабричка грешка, но тоа е само опција за балансирање на бојата.
„Сите уреди на Samsung поминуваат строг процес на тестирање за да ги задоволат највисоките стандарди на квалитет. Нашиот Infinity дисплеј на Galaxy S8 и S8 Plus е извонреден, Super AMOLED технологијата овозможува сосема ново доживување, односно репродукција на боите“, изјавил портпаролот на Samsung од Јужна Кореја.
Дисплејот има можност за прилагодување на надворешното осветлување, затоа ако корисниците мислат дека дисплејот не е исправен, и му изгледа црвенкаст, доволно е да одите во Settings > Display > Screen Mode > Color balance и да ги подесите параметрите како што сакате.
Извор: telefoni.mk