Saturday, Jul 21, 2018
HomeГИГА БАЈТСмартфонSony го прифати предизвикот од Samsung, што ќе понуди Xperia X Ultra?

Sony го прифати предизвикот од Samsung, што ќе понуди Xperia X Ultra?

Sony Xperia X Ultra

Sony Mobile планира нивниот следен смартфон Xperia X Ultra да биде подобро изработен од Galaxy S8 и LG G6 со тоа што ќе има големина од 6.4 инчи, но со издолжена форма на дисплејот со нов вид на сразмер од 21:9.

На тој начин предната површина на екранот ќе биде максимално искористена, а самиот дизајн нема да зафаќа огромен простор како кај слични смартфони со големина од над 6 инчи.

Sony Xperia X Ultra ќе работи со процесор на Qualcomm, 4 GB RAM, 64 GB меморија, ќе има 19 мегапикселна главна камера, 13 мегапикселна селфи камера, IP68 сертификат за заштита од вода, батерија со капацитет од 3050 mAh, а ќе го користи оперативниот систем Android 7.0 Nougat.

Извор: telefoni.mk