Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПовеќе нема да се лустрираат соработниците на КОС и УДБА

Повеќе нема да се лустрираат соработниците на КОС и УДБА

Контроверзната лустрација во Македонија повеќе нема да се спроведува бидејќи законодавците од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, подржани од коалиционите партнери сметаат дека овој процес на откривање на вистината за соработниците на југословенските тајни служби го дал потребниот резултат и излегле на виделина сите факти за жртвите во минатото.

Предводник на новиот закон со кој се завршува лустрацијата е пратеникот Илија Димовски, подржан од Антонијо Милошевски, Талат Џафери и Рафиз Алити и веќе тече собраниската процедура со извршеното прво читање.

ilija dimovskiЛустрираните не беа жртви, жртви беа кодошените, оние кои биле прогонувани и затворани поради идеолошки и политички причини, кои биле ликвидирани со и без судски пресуди, кои со децении биле под постајан полициски надзор, биле тепани, следени, прислушувани, обесправени, насилно преселувани, оние на кои им бил национализиран имотот, кои ги губеле работните места или воопшто не ги добивале, кои ги губеле граѓанските права, правата на пензии иако учествувале во војната како дел од партизанските одреди, изјави пратеникот Димовски бранејќи ја оправданоста на лустрацијата и нејзината успешност.

Без оглед што овој закон ќе биде донесен останува впечатокот дека лустрацијата не ги даде посакуваните ефекти, не толку во процедурална смисла, колку што не послужи за лечење на раните од комунизмот и се користеше за нови политички судири. Лустрираните лица, без оглед дали има доволно или не докази против нив за вмешаноста во работата на тајните служби, тврдеа дека процесот се спроведува селективно и неправично.

dosieja

За лустрацијата стои и дамката дека започна доцна, дека голем број на досиеја и предмети во кои навистина беа кршени човечки права, беа уништувани кариери и нечии животи никогаш не се расветлија докрај, а меѓу нив има и обични луѓе од секојдневието кои и посметале на тогашната комунистичка партија, но и великани, патриоти и борци за Македонија.

Автор
Христијан Станоевиќ