(Видео) Семејството Мајли Сајрус добива своја ТВ емисија
По “Keeping Up with the Kardashians”, семејство на Мајли Сајрус започна свое реално шоу “Cyrus Vs. Cyrus:Love and Decor“ во кој главни ѕвезди се нејзината мајка Триш и сестраи Бранди.
Двете заедно уредуваат здодевни соби и кујни во прекрасни персонални простори. Во трејлерот на шоуто се појавува и Мајли неколку пати, што значи дека и таа ќе биде дел од приказната.
Мајка и ќерка ќе прават целосно преуредување на домовите и ќе се борат за победнички дизајн. Шоуто е забавно, смешно и носи увид во односот на мајката и сестрата на популарната пејачка, а ќе се емитува на ТВ Браво.