Груевски сепак, не задоцнил на групната фотка на Европската народна партија
Се сликал ли навреме Груевски со претставниците на останатите Европски народни партии на Самитот кој се одржа во Малта. Како што пренeсовме и ние претходно иако во малку сатиричен стил, Груевски сепак, не задоцнил да стигне на групното фотографирање.
Затоа пак, провладините медиуми побрзаа веднаш да го одбранат и спорната фотографија на која ги нема Груевски и Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ открија дека е стара и е од претходен самит на ЕПП, а не на неодамнешниот во Малта па ги обвинија проопозициските медиуми дека лажат и шират пропаганда.