Повеќе жени на управни функции во Шведска инаку казни за компаниите
Шведската Влада работи на изработка на закон со кој би можело да се наложат парични казни за фирмите во кои најмалку 40 отсто од местата во управните одбори не ги заземаат жени. „Немате 40 отсто жени во УО на компанијата? Казна од 520.000 евра“. Ова го изјави министерот за индустрија на Шведска Микаел Дамберг.
„Доколку биде одобрен, законот ќе влезе во статутарните книги веќе наредната година, а примената ќе почне во 2019 година“, објасни Дамберг. Со овој закон се предвидуваат парични казни во износ од 26.000 до 520.000 евра, во зависност од големината на компанијата.
Шведска е пионер во унапредување на улогата на жената во политиката, каде застапеноста на половите е речиси еднаква во владата и парламентот. Жените во моментов заземаат 32 отсто во управните одбори, што е далеку над просекот во ЕУ, којшто изнесува 23,3 отсто.