Денеска уште потопло од вчера
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала локална облачност. Попладне, во главно во западните подрачја ќе има појава на умерена облачност а во доцните попладневни часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи сосема на северозапад. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 12 до 20, а највисоката дневна 32 до 39 степени.
УВ индексот ќе има особено висока вредност 9.