Адеми најави средба во август со сите засегнати страни
Министерот Адеми очекува следната учебна година да започне со веќе дефиниран концепт за државната матура. Тој денеска наговести дека во август ќе бидат повикани сите засегнати страни со цел да се најде решение. Одговорајќи на новинарско прашање, тој истакна дека овогодинешнире резултати на државната матура се должат на математиката. Ова не е став на пленумот кој изнесе низа аргументи зошто овој предмет не треба да биде задолжителен.
– Ќе извршиме детална анализа на двата проекта вклучувајќи ги сите засегнати страни се со цел да дојдеме до едно најдобро решение. За државната матура имаше отпор математиката да биде задолжителна, а од друга страна имаме подобри резултати од минатата учебна година. Ова ни дава дополнително аргументи дека сме биле во право кога сакавме математиката да биде задолжителна, но сепак ќе се консултираме со сите засегнати страни околу натамошните чекори, изајви денеска министерот за образование Абдилаким Адеми.