Пушачите пак ќе бидат удрени по џебот во петок
Пушачите ќе осетат ново поскапување на цигарите кое ќе стапи во петок и дел од полугодишната мерка за зголемување на цените иако постои можност и самите производители да ја компензираат разликата.
Зголемување на акцизата за 3 денари по кутија се предвидува за последен пат ова лето. Од наредниот 1 јули, цигарите секоја година ќе поскапуваат по 4 денари за кутија.
Ваквиот тренд на покачување во наредните години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, па така најскапата кутија цигари која денес чини 120 денари, за осум години ќе достигне цена од 154 денари.