Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈанкуловска по распитот: Паѓаат во вода нивните конструкции

Јанкуловска по распитот: Паѓаат во вода нивните конструкции

Екс министерката Гордана Јанкуловска по неколку часа излезе од распитот на Кривичниот суд со изјава дека не е виновна и дека додека го водела МВР работела професионално, а СЈО води политичка хајка без конкретни докази.

„Јас ќе доаѓам секогаш кога судот ќе ме повика и од тоа не бегам бидејќи не чуствувам никаква вина и немам што да кријам, со што паѓаат во вода сите нивните конструкции и обвинување“, посочи Јанкуловска.

jankulovska sud (1) (1)

Јанкуловска е дел од осомничените за случајот „Тврдина“ во кој е уништена голема опрема за прислушкување на Петтата управа предводена од началникот Горан Грујоски кој пак, беше ослободен од куќен притвор, а истата одлука важи и за останатите 5 осомничени кои не се соочија со најстрогата мерка на обезбедување.