Лидерска средба што поскоро
СДСМ смета дека се исполнети условите за лидерската четворка повторно да седне на преговарачака маса и тоа треба да се случи што е можно поскоро. Од партијата сметаат дека најитно треба да се договорат деталите околу медиумите и Избирачкиот список како клучни услови за одржување кредибилни избори.
Партискиот портпарол Петре Шилегов не презизираше дали веќе е договорена лидерска средба, но неофицијлано од понеделник Груевски, Заев, Ахмети и Тачи ќе седнат на заедничка маса. Дотогаш се очекува партиските преговарaчи да се видат и да ја формализираат рамката за спорните прашања. Датумот на избори и форматот на Владата која ќе ги органзира изборите се очекува да бидат во фокусот на лидерската средба.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пак тврди дека партиите веќе се договориле до декември да го финализираат датумот за избори, кои според него неизводливо е да се случат годинава.