За уставноста на СЈО, Уставен ќе расправа во среда?
Уставниот суд ќе се произјасне за поднесената иницијатива за оценување на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство. По 8 месеци чување во фиока предметот веќе е доделен кај судија известител. Можно е да се најде на дневен ред на седницата закажана за среда – јавува Телма.
Од СЈО велат дека нема основа Законот да се прогласи за неуставен.
„Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од соржината на незаконското следење на комуникациите постапува согласно Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и сметаме дека нашето постапување е во согласност со Уставот на Република Македонија, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот и законите во Република Македонија“.
Законот за СЈО го оспоруваат претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров и Томе Тодоровски, адвокат од Свети Николе.