Потребни состојки:
*250 гр цреши без семки
*2 чаши (250 мл) брашно
*по 1 лажичка сол и цимет
*1 пакетче пециво
*150 мл масло
*2 јајца
*1 чаша ( 200 мл) шеќер
*1 пакетче ванилин
*250 мл млеко
Приготвување:
1. Црешите се мешаат со 2 лажици брашно.Брашното,солта,пецивото,и циметот се мешаат.
2. Јајцата се матат заедно со шеќерот и ванилинот, се додаваат маслото и млекото и се
промешуваат. Кон смесата се додава брашното, а накрај се додаваат и црешите.
3. Смесата се става во форма куглоф намрсен со путер и се пече на 180 степени околу 45 минути.
Наместо цреши може да се става боровинки, аронија, вишни, шумски јагоди и друго.