Ерик Клептон издаде нов албум
Британскиот рок музичар Ерик Клептон издаде нов албум под назив „I Still Do“ во кој има песни изведени со акустична и електрична гитара. 71-Годишниот Клептон изјави дека иако го сними својот 23 по ред студиски албум, сепак нема да оди на турнеја, бидејќи како што вели тој тоа е веќе позади него.
Легендарниот уметник е единствен музичар кој три пати е примен во куќата на славни на рокенрол музиката. Музичките критичари го сметаат за еден од најголемите гитарсти на сите времиња. Клептон е рангиран на втората позиција според листата на магазинот „Ролинг Стоун“ од листата на најдобри гитаристи на сите времиња.