Осомничениот терорист од Кумановската битка да се испорача
Сулејман Османи кого Косовската полиција го уапси близу македонско-косовската граница треба да и биде испорачан на македонските власти. Од косовското МВР информираа дека при претресот кај него е пронајден и одземен и еден пиштол со муниција и му е одреден притвор. МВР согласно законските одредби ќе го информира Министерството за правда на за започнување на постапка за екстрадиција на осомничениот за тероризам.
О.С. беше уапсен по акцијата во кумановско Диво насеље, меѓутоа успеа да побегне по пропустите направени од полициските службеници на терен, во моментот кога ја посочуваше локацијата на која било сокриено оружјето украдено од ПС Гошинце, а се претпоставува дека учестувал и во нападот на караулата. Откако ќе биде поднесена соодветната документација треба да одлучува министерството за правда на Косово.