Tuesday, Apr 30, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимИзбелете ги забите на природен начин

Избелете ги забите на природен начин

Доколку не сакате или не можете да си дозволите белеење на забите со скапи препарати или интервенција од стоматолог, обидете се на природен начин со намирници кои освен за забите, се здрави за целиот организам.

Јаболка и јаболков оцет

За здрави и убави заби стоматолозите препорачиваат јаболка. Јаболковиот оцет исто така помага при отстранување на флеки на забите, ги избелува, и ги убива штетните бактерии во устата. Во чаша вода ставите една лажица јаболкоб оцет и испирајте, забите измијте ги со паста. Оваа постапка можете да ја повторувате секој ден.

Лимон

Високото количество на киселини кои се состојат во лимонот делуваат како природен избелувач.Забите можете да ги триете со лимоновата кора две до три минути, а 10 минути потоа да ги измиете со вода.Оваа постапка не е препорачлива повеќе од два пати неделно.

BANANNA

 

Банани

Бананите содржат калиум, магнезиум и манган, минераликои продираат во забите и помоагаат при избелувањето. Доколку со кора од банана ги триете забите 2 до 3 минути, неколку пати неделно ќе ја забележите разликата.

Портокали

Внатрешната страна од кората од портокал може да ви биде од корист за избелување на забите, доколку додадете и малку кујнска сол резултатите би биле уште подобри.

Морков

Конзумирајте што повеќе морков за отстранување на забен камен