Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманЛетно освежување: Сладолед од смрзнати банани

Летно освежување: Сладолед од смрзнати банани

Пристигнаа деновите со драстично високи температури. За таа цел, потребно е да внесувате многу течности и лесна храна која нема да ви го оптерети организмот. За оние кои уживаат во благото, овој сладолед е вистински погодок за справување со тропските горештини.

Потребни состојки:
* 2 банани
* 1 лажица мед
* 1 лажичка цимет
* 1 лажичка екстракт од ванила
* Малку сол
* 1 шолја обезмастено млеко

Начин на подготовка:
Замрзнатите банани ставете ги во блендер и изблендајте ги, а потоа додадете ги состојките и повторно измешајте ги. По подготовката замрзнете го сладоледот во пластичен сад. Сервирајте со ореви, бадеми, лешници, чоколадо или намирници по ваша желба.