Возрасна жена тешко повредена во автобус на ЈСП
64 годишната В.С. од Скопје тешко се повредила при влегување во автобус на ЈСП на линијата која поминува по булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ . Таа се лизнала при качувањето на скалите за вториот кат и при паѓањето ја скршила раката и рамото, по што е пренесена во клиничкиот центар во Скопје.