Обезбедувачи претепале гости пред кумановски ноќен клуб
Вчера во Куманово се случила голема физичка пресметка меѓу обезбедувањето на ноќен клуб кое не сакало да пушти четири лица на возраст од 39 до 44 години по што меѓу нив дошло до вербална расправија која избувнала во тепачка. Обезбедувачите С.М (38), Б.Т (32) и М.Б (31) заради тоа си заработија кривична пријава за насилство.