Се сруши авион на хрватското крајбрежје
Кај хотелот „Ресник“ во близина на Сплит, денеска околу 17.30 часот се сруши спортски авион со два члена на екипажот. Едниот член загинал, а вториот се наоѓа во тешка здравствена состојба. Наводно, преживеаниот е со скршеници на рацете и нозете. Подетални информации за падот на авионот се очекуваат во текот на утрепниот ден.
ФОТО/dalmacijanews.hr