Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНа овие постојки денеска не чекајте автобус

На овие постојки денеска не чекајте автобус

Денеска ќе има времен режим за четири автобуски постојки, поради изведување градежни работи. Ако планиравте да шетате низ градот, запомнете во колку часот и каде не треба да чекате автобус.

Според соопштението од Град Скопје, од 8 до 10:30 часот нема да се користи автобускота постојка на бул.„Кочо Рацин“ пред Олимписки базен „Југодрво“ во правец од Црвен Крст кон Комплекс банки, а од 11 до 13 часот постојката на бул. „Партизански Одреди“ кај Соборен Храм во правец од Општина Центар кон Општина Карпош.

Автобускота постојка на бул. „Партизански Одреди“ пред Архив на Град Скопје во правец од Општина Карпош кон Општина Центар нема да се користи од 13:30 до 15 часот, а постојката на бул. „Партизански Одреди“ пред Порта Буњаковец во правец од Општина Карпош кон Општина Центар од 15 до 17:30 часот.