Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика15-годишно девојче од Куманово му побегна на педофил

15-годишно девојче од Куманово му побегна на педофил

Роднините на 15-годишно девојче од Куманово, поднесоа кривична пријава против К.Т. (28) жител на Свети Николе поради блудничење над малолетничка.

Како што информираат од полицијата на 17 август, Е.Б. (29) околу 22.00 часот пријавила во полициската станица- Свети Николе, дека истиот ден во периодот од 17:30 до 18 часот на ул.„Јане Сандански“, додека нејзината петнаесетгодишна роднина од Куманово, која била кај неа на гости додека возела велосипед, пред неа се појавило непознато машко лице кое ги соблекло шорцевите и го покажувало половиот орган. Исплашеното девојче со сета сила ги стиснала педалите од велосипедот и успеала да му побегне на педофилот.

По овластување на Основното јавно обвинителство Штип во просториите на полицијата, во присуство на претставник од Центарот за социјални работи во Свети Николе, извршен е разговор со девојчето, по што е извршено препознавање на лицето. Се работи за 28-годишниот К.Т. од Свети Николе.

По документирање на настанот од страна ке биде поднесена кривична пријава.