Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет14.000 лица се збогуваа од легендарниот Мухамед Али

14.000 лица се збогуваа од легендарниот Мухамед Али

Погребот на легендарниот боксер Мухамед Али, организиран според муслимански обичаи, привлече илјадници негови обожаватели во неговиот роден град Луивил во државата Кентаки. Според проценките, 14.000 лица со различна боја на кожата и со различни верски уверувања присуствувале на погребот, каде многу пати било повторено дека Мухамед Али бил „шампион од народот“.

Али и неговото семејство го планирале неговиот погреб цели десет години за да можат во целост да ја испочитуваат неговата муслиманска вера, а истовремено тоа да биде прилагодено и кон барањата на западната култура и тамошните обичаи.

Меѓу присутните се најде и поранешниот претседател на Америка Бил Клинтон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и комичарот Били Кристал. Али, кој три пати беше светски шампион, беше ценет и почитуван насекаде ширум светот како поради својата исклучителна боксерска кариера, така и поради своите активности во борбата за човекови права.

Тој почина минатата седмица во 74 година од својот живот после повеќегодишна борба со Паркинсоновата болест.