Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУлица во Њујорк го доби името Мухамед Али

Улица во Њујорк го доби името Мухамед Али

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио најави дека дел од 33 улица во Менхетен, во близина на салата „Медисон сквер гарден“, ќе го добие името на легендарниот боксер Мухамед Али. Одлуката за името на оваа улица да и го даде по славниот боксер ја образложи со тоа што и самиот Али осум пати боксувал во „Медисон сквер гарден“, но и си желбата да се оддаде почит кон починатиот борец.

„Медисон сквер гарден“ е една од најпознатите арени ширум светот, а во неа на 8 март 1971 година одржана е „борбата на векот“ меѓу Мухамед Али, тогаш Касијус Клеј и Џо Фрејзер, во која Али беше поразен прв пат после 31 победа по ред. Три години после таа борба, исто така во „Медисон сквер гарден“, Али, кој себеси се нарекуваше „најголем“, му се реваншираше на Фрејзер за тој пораз.