Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЖивко Митревски го растури состанокот на ССМ и избега од Ристо Ајтов – СОБ спасен засега

Живко Митревски го растури состанокот на ССМ и избега од Ристо Ајтов – СОБ спасен засега

Не се одржа состанокот на раководството на ССМ, кој денеска претседателот Живко Митревски и првите луѓе на гранковите синдикати го свикаа во Велес. Причина е појавувањето на Ристо Ајтов, кој од неодамна, со судска одлука е вратен на претседателското место во синдикатот на одбрана и безбедност – пренесува Тв 24.

Ајтов успеа, но на нашата новинарска екипа не и беше дозволено да влезе во просторијата на регионалниот синдикат во Велес, каде што требаше да се одржи состанокот. По бурна расправа, тој воопшто и не почна, па десетина минути подоцна Митревски и претседателите на гранковите синдикати ја напуштија зградата.

Ајтов вели дека уште минатата недела преку имејл го известил раководството на ССМ дека како претседател на синдикатот на одбраната ќе присуствува на состанокот, бидејќи, меѓу другото, една од точките на дневен ред бил токму неговиот гранков синдикат.

„Митревски не ни го почна состанокот, туку ми се обрати дека не сум добил покана, иако Ајтов не треба да добие покана, туку претседателот на Синдикатот добива покана кој е член на ССМ. Останав да пристуствувам, а Митревски го повлече состанокот.“ – вели Ајтов.

Денешниот инцидент се случи само три дена откако во петокот ајтов беше спречен од непознати лица да влезе во просториите на синдикатот на одбрана и безбедност во зградата на ССМ. Тој обвинува дека Живко Митревски прави обид да го замени синдикатот на одбрана и безбедност со квазисиндикат и бесправно да се пренесат членовите во новиот синдикат, кој постои 11 дена. Ристо Ајтов, кој од неодамна повторно е запишан во Централен регистар како прв човек на синдикатот на одбраната, очекува министерството да ја испита исправноста на обидите да згасне стариот и на негово место да се формира нов синдикат.