Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиВтора хуманитарна „БЕЛА НОЌ“ во Кривогаштани

Втора хуманитарна „БЕЛА НОЌ“ во Кривогаштани

Традиционално, втора година по ред, Здружението „Младински центар за рурален развој – АВАНГАРДА“ – Кривогаштани, во соработка со „Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители со деца со епилепсија – ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА“ и оваа година организира хуманитарен настан „БЕЛА НОЌ“ 2016, кој ќе се одржи на 18.08.2016 година, со почеток во 21:00 часот во центарот на Кривогаштани.

Настанот ќе биде збогатен со настапите на:
-Dj Mario Eddie
– The Marshall
– Dj Estephano
– Dj Jovan

Организаторите ветуваат многу забава и дружење, а освен што ќе се забавувате, ќе може да ја покажете и вашата хуманост со тоа што со секој испиен пијалок ќе донирате одредена сума на пари кои ќе бидат наменети за лицата со епилепсија.

Важна напомена од организаторите е да носите бела горна облека.

Покажете ја вашата хуманост и присуствувајте на настанот!