Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВолк нападнал овчар во скопско Љубош

Волк нападнал овчар во скопско Љубош

Волк нападнал жител на скопското село Љубош. Тој додека ги хранел овците го забележал волкот, а обидувајќи се да го избрка, за малку не настрадал. Во нападот, тој со секира го убил волкот. 58-годишниот бил пренесен во болница, а во моментот се наоѓа на максилофацијална хирургија. Тој и неговото семејство се уште се во шок.