Thursday, May 9, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВо авионската несреќа еден од браќата навреме сменил авион

Во авионската несреќа еден од браќата навреме сменил авион

Досега се сметаше дека во авионската несреќа на малиот приватен авион биле и двајцата браќа Бегај, но еден од нив во последен момент го сменил летот и се качил на друг авион кој слетал во Загреб. Во авионот кој се сруши кај селото Кожле, Петровец се наоѓал само косовскиот бизнисмен Висар Бегај.

Причината за ваквата забуна е што на листата на летање биле наведени вкупно 6 патници, меѓу кои и двајцата браќа, но всушност полетале само четворица италијански државјани и еден со двојно државјанство на Косово и Италија.

Авионот се упатил кон Скопје да наполни гориво, но го зафатиле тешки временски услови, па дополнително ќе се утврдува причината за несреќата. Сите загинати ќе бидат погребани во Италија, а едниот патник со двојно државјанство ќе биде погребан на Косово.