Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиВечерва настап на Стив Аоки на улица „Македонија“

Вечерва настап на Стив Аоки на улица „Македонија“

Во организација на општина Центар, вечерва со почеток од 20 часот на улица „Македонија“, голема забава со домашни диџеи и ѕвездата на вечерта Стив Аоки во нашата „црвено-бела ноќ“.

Улица Македонија вечерва ќе биде во знакот на музиката, забавата, насмевките и ќе биде центар на незаборавна забава. На најлудата журка, добредојдени се сите, а дрес-кодот е во црвено бели бои, боите на општина Центар.

Стив Аоки е американски електро хаус диџеј и продуцент. Има издадено 5 албуми, а еден од нив “Земјата на чудата” беше номиниран за Греми.

Влезот е бесплатен за сите. Ова е втор по ред ваков настан на истото место. Во 2014 година, на улица “Македонија” гостуваше холандската електронска музичка група “Даш Берлин”.