Friday, May 10, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУловен огромен алигатор со делови од човечко тело во Флорида

Уловен огромен алигатор со делови од човечко тело во Флорида

Полицијата на Флорида морала да улови и усмрти алигатор кој во челуста имал делови од човечко тело. Екипата за справување со дивижи животни успешно го совладала огромниот алигатор со должина од 3 метри, а потоа ги извадиле од остатоците од лешот. Засега нема потврда дали човекот бил убиен од страна на алигаторот или пак животното го пронашло телото мртво.

Од аутопсијата се уште нема конретни резултати бидејќи телото е во напредна фаза на распаѓање. Алигаторите во Лејк Хантер во Флорида се доста присутни но, речиси воопшто не претставуваат директна закана за луѓето.