Wednesday, May 1, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаThe Weeknd забележа два рекорди во Гинисовата книга

The Weeknd забележа два рекорди во Гинисовата книга

Пејачот од Канада кој на музичката сцена се претставува под името The Weeknd стигна до овогодинешното издание на глобални остварувања и се најде во Гинисовата книга, која излегува на 8 септември, откако успеал да сруши два рекорди во текот на изминатите 20 месеци.

Неговиот албум „Beauty Behind The Madnes“ го држи рекордот за најслушан албум на музичката платформа „Спотифај“ во период од една година, со 60 милиони прегледи во периодот од 1 декември 2014 до 1 декември 2015 година. Пејачот, чие вистинско име е Абел Тесфај, успеа да постави рекорд и за машки соло уметник чии нумери најмногу недели по ред се нашле меѓу првите 10 на листата на Билборд „Hot 100“.

Песните на оваа листа ги вклучуваат неговите најголеми хитови како „Earned It, „Can’t Feel My Face“ и „The Hills“, кои му обезбедија на канадаскиот пејач синглови на оваа американска листа 45 недели по ред. The Weeknd на овој начин му се придружи на Џастин Бибер, откако беше објавено дека тој срушил осум рекорди.