Monday, May 13, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка сообраќајна несреќа кај ‘Ржанчино, починаа две лица

Тешка сообраќајна несреќа кај ‘Ржанчино, починаа две лица

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на патот Скопје-Велес кај селото ’Ржаничино. Од МВР информираат дека во сообраќајката учествувале автомобили Ауди А4 и Цитроен Саксо, двете возила со скопски регистерски ознаки.

По ударот меѓу возилата, Аудито излетало од коловозот и удрило во оградата од двор на куќа. На лице место животот го загубиле Ш.С. (54) и Б.С. (25), кои се во роднинска врска, додека во ГОБ „Св. Наум Охридски“ на преглед се јавил А.С. (21), но засега нема информации за карактерот на повредите. Телата на загинатите се предадени на обдукција, а на местото на несреќата извршен е увид.