Старец од Светиниколско искасан од бездомни кучиња
Вчера по полноќ 68 годишниот Т.С. од светиниколското село Стањевци бил нападнат и искасан од група на бездомни кучиња кај крстосницата „Мездра“ на регионалниот пат Свети Николе – Куманово. За да му се санираат повредите, возрасниот маж е префрлен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.