Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманСок од лубеница и портокал за пријатно освежување

Сок од лубеница и портокал за пријатно освежување

Лекот за летните горештини е пронајден. Се работи за освежителен пијалок од портокал и лубеница кој ќе ве одржи будни, свежи и здрави.

Потребни состојки:

* 500 грама лубеница
* 1 голем портокал
* 4-5 ливчиња свежо нане
* неколку коцки мраз
* засладувач (по вкус)

Исечете ја внимателно лубеницата на парчиња и извадете ги семките. Портокалот излупете го и исцедете го. Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека не се соединат сите состојки.