Friday, May 17, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноСо џиновски велосипед го брка светскиот рекорд!

Со џиновски велосипед го брка светскиот рекорд!

Користејќи огромни тракторски гуми и челик од отпад, еден Германец конструирал велосипед кој веќе тежи 940 килограми, а за да биде срушен светскиот рекорд ќе мора да го догради за да достигне тежина од 1.200 килограми и потоа да се обиде со него да вози 200 метри. Велосипедот на Франк Дозе веќе го сурши Гинисовиот светски рекорд за најтежок точок кој може и да се вози. За сега рекордот го држи велосипедот тежок 860 килограми.

Дозе планира оваа недела да ја догради својата конструкција за да тежи 1.200 килограми. Потоа ќе се обиде со него да помине 200 метри, потребни за да го сруши рекордот.

Gigantski-bicikl-f2

„Сакам четирицифрена тежина“, изјавил 49-годишниот Франк од Шчезвик-Холштајн, пренесуваат германските медиуми. Дозе го гради својот велосипед од март оваа година.