Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноСлончиња во домот: Зошто треба да ги имате и каде да ги поставите?

Слончиња во домот: Зошто треба да ги имате и каде да ги поставите?

Во азиските култури слонот се смета за свето животно и на него се гледа со восхит, а скулптурите и украсите во форма на слончиња станаа хит низ целиот свет. Слончињата често се користат во Фенг Шуи за да енергетизираат одредени делови во домот и за добра среќа. Слончињата симболизираат моќ, мудрост, сила, заштита и среќа.

Според верувањата, слонот е моќен симбол ако знаете каде да го сместите во домот. Локацијата ја бирате според она што сакате да привлечете во својот живот. Секој дел од вашиот дом е поврзан со одреден аспект од вашиот живот. Па така, кога ќе поставите симбол на слон во собата ќе служи да енергетизира одредено Чи поврзано со конкретниот аспект. Азиските култури веруваат дека слончињата се остварувачи на желби и заштитници на домот. Голем дел од азиските бизнисмени чуваат статуи на слонови пред корпоративните згради.
slon
Кога се работи за остварување желби, еве што вели Фенг Шуи – каде да поставите слончиња во домот во зависност од тоа што сакате да постигнете.

Поставувањето на статуа од слон или пар слонови на влезната врата носи среќа, заштита и сила на домаќинството. Овие слонови се поврзуваат со благослов. Многумина кои практикуваат Фенг Шуи веруваат дека сурлата на слонот треба да биде свртена нагоре за да претставува просперитет и победа.
slon statua
Слон или пар слонови поставени во спалната соба ја зацврстуваат љубовта и довербата помеѓу двајца луѓе.
slon par
Статуа на мајка слон и мало слонче е симбол ја претставуваат врската и љубовта помеѓу мајката и нејзините деца. Ако ги поставите во детската соба, таа врска ќе се зацврсти.
slon majka
Парови кои сакаат да имаат деца треба да постават седум слончиња во својата спална соба како симбол за плодност. Во Фенг Шуи бројот 7 ги означува децата, па седум слончиња се користат за да ја активираат Чи енергијата за плодност.
slon 7
За полесно учење и академски успех чувајте слонче на работното биро.

Слончињата се чуваат и за правилно да ја избалансираат енергијата на сите елементи. За таа цел, купете си слонче кое во сурлата држи кристал.
slon kristal
За стабилност на кариерата и работен успех, луѓето во Азија поставуваат слонче кое на грбот има друго животно, како жаба, петел или мајмун.
slon zivotno

Не е дозволено преземање на оваа содржина без согласност од редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница