Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО згази во „Тревникот“ на Латас

СЈО згази во „Тревникот“ на Латас

Уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас еден од тројцата осомничени во за незаконска изградба на три луксузни викенд куќи во Зелениково, во случајот „Тревник” што денеска го објави Специјалното јавно обвинителство. Латас веќе беше и на распит во ова обвинителство. Се работи за кривично дело бесправно градење, за што од СЈО тврдат дека поседуваат и сателитски снимки. Случајот е произлезен од истрагата за досега необјавени прислушкувани разговори.

Обвинителката Фатиме Фетаи информираше дека се отворени предистражни постапки и за предметите „Монструм“, „Диво Насеље“, „Мартин Нешковски“ и „Скопје 2014“, но не сакаше да даде подетални информации за јавноста. Ова обвинителство продолжува да ги истражува и наводите од снимките поврзани со случајот „Сопот“, и покрај тоа што Советот на јавни обвинители не им го даде предметот во нивна надлежност.

Обвинителите тврдат дека, иако делото е застарено, овие докази имаат директни импликации во постапката што се води во Основниот суд Скопје 1 и доколку предметот биде даден во нивна надлежност, тие ќе ги презентираат пред судот. Во тек е постапка и за откривање на сторителот на ова дело, но поради истрагата, детали не беа соопштени.