Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО: Грчев е експерт од Архитектонски, одбраната може да го побие

СЈО: Грчев е експерт од Архитектонски, одбраната може да го побие

Голема фама се крена и околу ангажирањето на архитектот Мирослав Грчев за вештачењето на случајот „Космос“. СЈО е обвинето за пристрасност во изборот на Грчев за истрагата бидејќи неговите ставови се блиски до политичката опција на опозицијата.

lence ristoska press

Обвинителката и портпаролка на СЈО посочи дека за случајот „Космос“ побарале експерт од Архитектонскиот факултет како една од најстручните институции и одтаму бил избран Грчев.

Доколку одбраната се сомневала во неговата пристрасност можеле да ангажираат технички советници кои би ги побиле наводите во вештачењето на Грчев и неговата експертиза е став на СЈО кој го пренесе Ристовска.