Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШто остави Живко Митревски зад себе во ССМ?

Што остави Живко Митревски зад себе во ССМ?

Четири пиштоли и куршуми, повеќе уметнички слики, компјутер, тепих, работни маси, клуб масички, се дел од работите што ги има на списокот на ССМ, кои комисијата за попис треба да констатира дали претходниот претседател Живко Митревски ги оставил во претседателските канцеларии, пишува „Макфакс“.

Митревски денеска, иако најави дека ќе дојде во просториите на ССМ за да изврши примопредавање на претседателската функција, тоа не се случи. Испрати само порака до новиот претседател Дарко Димовски дека печатите ги испратил по шофер.

„Направете што треба, пратени се автомобилите, пратени ви се печатите, со секретарот сме во Обвинителството и во Владата“, гласеше СМС-пораката.

Во пратката од Митревски имаше четири печати и клуч од едната канцеларија, но не и од претседателската канцеларија, па по налог на новото претседателство интервенира Службата за одржување и обезбедување на ССМ. Откако вратата насилно беше отворена, членовите на комисијата за попис успеаја да влезат со цел да направат проверка на работите што недостигаат пред новиот претседател да седне на челната позиција на Сојузот на синдикатите. Од комисијата изјавија дека списокот со работи е голем, па во текот на утрешниот ден ќе информираат за деталите што оставил Митревски во ССМ, а што недостига.