Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалШпански репрезентативци вклучени во секс скандал

Шпански репрезентативци вклучени во секс скандал

Двајца шпански репрезентативци се наоѓаат под сомневање дека биле вклучени во секс скандал, пренесоа денес сите шпански медиуми. Се работи за Давид Де Геа и Икер Муниаин кои биле вмешани во секс скандал во својата татковина. Случајот против Игнацио Фернандез Аленде, сопственик на порно индустрија во Шпанија е насекаде познат. Овој човек е осуден за трговија со луѓе за сексуална експлоатација, детска порно индустрија, како и тоа дека е соспственик на бројни проститутки.

Во центарот на вниманието во овој случај од денес се наоѓаат и Давид Де Хеа и Икер Муниаин. Имено, заштитен, а со самото тоа и неименуван сведок во случајот против бизнисменот во светот на порно индустријата истакнал дека двајцата фудбалери во еден хотел со пет ѕвезди во Мадрид користеле сексуални услуги во размена за пари.

Според зборовите на овој сведок, една проститутка добила огромна сума на пари за во друштво со уште една женска да ја помине ноќта во хотелската соба со двајцата фудбалери. Шпанските медиуми изразија загриженост бидејќи во центарот на овој секс скандал се наоѓаат фудбалски ѕвезди, односно првиот голман на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа и ѕвездата на Атлетик Билбао Икер Муниаин.