Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСеад Кочан ноќеска итно хоспитализиран на Клинички во Скопје?

Сеад Кочан ноќеска итно хоспитализиран на Клинички во Скопје?

Сеад Кочан, избеганиот бизнисмен што полицијата до петокот го бараше со потерница затоа што е осомничен во еден од случаите на Специјалното јавно обвинителство, ноќеска бил примен како итен случај во една од клиниките на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, дознава „СДК.

Изворите, кои сакаат да останат анонимни затоа што не се овластени да даваат изјави за јавност, не сакаа да потврдат дали пациентот бил задржан на болничко лекување. Поради специфичноста на случајот официјални изјави нема, но Кочан, кој сега има брада, вчера во доцните попладневни часови беше забележан во Клиничкиот центар. На клиниката каде што се пријавил како итен случај дошол само во придружба на сопругата.

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски со уште четворица врховни судии од Кривичниот совет во петокот донел одлука да му се укине притворот на осомничениот Кочан. Тој два месеца и шест дена беше во бегство и недостапен на истрагата што ја поведе против него Специјалното јавно обвинителство, но неговата одбрана тврди дека тој не требало да се води како избеган, туку дека е бизнисмен на службен пат.