Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСе истражува смртта на познатата лекарка од Нефрологија

Се истражува смртта на познатата лекарка од Нефрологија

Скопското јавно обвинителство ја презеде истрагата за смртта на лекарката и професорката на Медицински факултет која синоќа околу 21 часот беше пронајдена со рани во пределот на рацете, пресечени вени и убодна рана во вратот.

„Во континуитет се сослушуваат лица кои би можеле да помогнат во расветлување на настанот“, соопшти Обвинителството кое извршило увид во станот на улица „Елисие Поповски Марко“, спроти Клиничкиот центар во Скопје. Граѓанин го пронашол телото на жената и ја повикал полицијата и Брза помош. Екипата на Брза помош само констатирала смрт.

Полицијата уште ноќеска на полноќ ја идентификуваше жртвата како  Ј.М.С, 53-годишна лекарка на Клиниката за нефрологија во Скопје и професорка на Медицинскиот факултет.

Полициски извори посочуваат дека нејзиниот сопруг бил повикан на разговор.

Засега информациите се неофицијални дали се работи за убиство или самоубиство и се додека МВР не го потврди случајот дотогаш се останува шпекулација.

МВР и надлежните институции повеќе детали за настанот ќе соопштат во текот на денот.