Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСавески и Куновски од „Левица“ од денеска на слобода

Савески и Куновски од „Левица“ од денеска на слобода

Здравко Савески и Владимир Куновски од „Левица“ и официјално се на слобода. Тие попладнево го добиле писменото решение за укинување на куќниот притвор. Одлуката за ослободување од куќниот притвор судот, на барање на барнителите, ја донесе во петокот. Оттаму објаснија дека денеска истекол рокот за жалби по одлуката и таа станала правосилна.

Здравко Савески и Владимир Куновски се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов. По укинувањето на притворот на Савески и на Куновски во петокот им беа одземени пасошите, но за да можат да излезат од дома тие го чекаа писменото решение од судот. Судењето ќе продолжи на 6-ти јули.