Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСамо ВМРО на избирачки список, ДИК денес ќе одржи работен состанок

Само ВМРО на избирачки список, ДИК денес ќе одржи работен состанок

Државната изборна комисија денеска треба да одржи работен состанок на кој ќе се расправа има ли потреба и уставен основ комисијата да продолжи со работа. Ова доаѓа  откако вчера и формално се потвди дека на изборите ќе учествува листата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Иницијативата е на членовите на комисијата од ДУИ и СДСМ, а од исходот на денешниот состанок ќе зависи дали ваква точка на дневен ред ќе има и на официјална седница на ДИК.

Претходно ДИК донесе одлука да ја  отфрли Кандидатски листи на Народното движење за Македонија, поради констатирани неправилности за учество на изборите на 5 јуни. Исто така, ги отфрли и кандидатските листи на Социјалдемократската партија на Македонија, по барање на партијата.