Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСаити: Нема информации кога ќе биде закажана седницата на Врховен за „бомбите“

Саити: Нема информации кога ќе биде закажана седницата на Врховен за „бомбите“

Врховниот судија и претседател на Здружението на судии, Џемали Саити, пред денешниот настан за транспарентност и одговорност на судскиот систем, на новинарско прашање одговори дека нема информации кога би било закажано продолжението на седницата на Врховниот суд, на која треба да се расправа за рефератите на претседателот на судот, Јово Вангеловски, за тоа дали „бомбите“ може да се користат како доказ во судската постапка.

Саити, како што јавува „Макфакс“, рече дека не се изјаснил за рефератот на неговиот колега Јово Вангеловски на минатата седница. Изјави дека нема да го каже својот став, во интерес на одлучувањето. Врховен суд треба да одлучи дали Специјалното јавно обвинителство може да ги користи снимките од прислушуваните разговори како докази во судска постапка.

Одложувањето на седницата беше поради болест на дел од судиите. Едниот реферат е за тоа дали прислушуваните разговори можат да се користат во судска постапка како докази или, пак, тие претставуваат само индиции. Другиот реферат е околу поднесувањето барања за заштита на законитоста до судот, односно дали Специјалното јавно обвинителство има право да поднесува вакви барања или, пак, тоа право го има само Јавното обвинителство.