Friday, May 17, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноС.О.С знак напишан на песок спасил пар од пуст остров!

С.О.С знак напишан на песок спасил пар од пуст остров!

Две лица биле спасени од ненаселен остров на Пацификот откако екипажот на хеликоптерот на американската морнарница го забележала големиот С.О.С знак на песокот на брегот. Сабина и Лајнус Џек се воделе како изчезнати седум дена. Нивното изчезнување било пријавено откако овој американски брачен пар во пеесетите години го напуштил микронезискиот остров Вено со ограничени количини на храна и без опрема за алармантни состојби, навела американската морнарница.

povik, pomos na plaza

Пилотот на хеликоптерот го воочил знакот на островот Ист Фају и ја известил крајбрежната стража. Очигледно од некоја причина не успеале да се вратат со чамец до соседниот Веноа. По нив трагале 15 чамци и два авиона, а биле пребарани поколу 43 илјади квадратни километри.

Mikronezijska-ostrva.

Хеликоптерот бил испратен да го прелета островот Ист Фај, бидејќи од едно пловило на спасувачките екипи било јавено дека била видена светлина на овој ненаселен остров. Американската амбасада во Колонија, престолнината на Микронезија, соошти дека потрагата била успешно завршена и дека Сабина и Лајнус Џек чекаат брод кој ќе биде испратен да ги собере.

osrov