Friday, May 10, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПукање во Копенхаген, повредени двајца полицајци и цивил

Пукање во Копенхаген, повредени двајца полицајци и цивил

Двајца полицајци и цивил биле повредени во пукање во самопрогласената христијанска автономна населба Кристијанија во Копенхаген, пренесува данската полиција. Осомничениот за пукањето е уапсен. Вооружено лица пукало врз полицајците и така повредило еден од нив во нога, а другиот во глава, додека цивилот се здобил со прострелна рана на ногата, пренесуваат тамошните медиуми.

Повредениот цивил бил со странско потекло, соопштила полицијата и додала дека тоа лице е во контакт со полицијата и дека нема роднини во Данска. Властите ги предупредиле лицата да не се приближуваат на местото на несреќата. Полицијата не му дозволува на никој да ја напушти населбата.