„Протестирам за вас деца, за да не ви го газат достоинството“
Шарената револуција и денеска го бои Скопје. Стандардно, протестот започна пред канцелариите на СЈО во знак за поддшка на оваа институција, а продолжи до влада. Репортерот на Позитив.мк, Христијан Станоевиќ разговараше со демонстрантите кои велат дека ќе протестираат до крај, додека аболицијата не биде целосно повлечена.
Демонстрант од постарата генерација за Позитив.мк вели: Земам пензија, ќе речат зошто протестирам. За вас деца, за ваша иднина, а не неписмени да ви го газат достоинството.
Не сме платени од никого, погледнете ја оваа шареноликост – вели Кире Дуковски.
Демонстарнтите и денеска беа креативни, па владејачката гарнитура (на сликите кои си ги одбра за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ) заврши зад решетки. Порачаа: Нашата уметност е бесплатна. Граѓаните се упатија кон Собранието од каде ечат револуционерни песни.