Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПовторно одложена јавната седница за случајот „Монструм“

Повторно одложена јавната седница за случајот „Монструм“

Трето одложување на јавната седница за „Монструм“. Овојпат поради отсуство на еден од бранителите кој се наоѓал на службено патување. Сега Врховниот суд ќе ги разгледува жалбите на шестемина осудени на доживотни затворски казни за петкратното убиство на Смиковско Езеро на 12-ти септемри. Адвокатите образложија дека Јавното обвинителство претходно веќе побара одложување, додека Врховниот суд ги набави доказите кои според нив ги поседува специјалното јавно обвинителство

Еден од бранителите изрази надеж дека СЈО во септември ќе го преземе случајот.

„Доказите кои ги поседува СЈО се од круцијално значење за разсветлување на случајот. Неколкупати имаме изјавено дека како што знае и целата јавност овој случај е монтиран. Се надеваме дека овој случај во септември ќе го преземе Специјалното јавно обвинителство“, изјави адвокатот Насер Рауфи.

Специјалната јавна овбинителка, Катица Јанева, пак, одговорајќи на новинарско прашање за овој случај посочи дека се надева оти Советот на јавни обвинители ќе им ги достави материјалите. Законот е јасен, во рок од 8 дена од превземањето на предметот ќе одлучам дали сум надлежна или не, додаде Јанева.

Претходно имаше две одложувања на јавната седница за овој случај.