Wednesday, May 8, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласПорака во шише пронајдена по две години преку Атлантикот

Порака во шише пронајдена по две години преку Атлантикот

sise porakaШише со порака од 11 годишната Натали патувало две години и преку 4500 километри од едниот до другиот крај на Атлантскиот океан, од Масачусец до брегот на Ирска. Шишето го пронашол нуркачот Рори Голден кој потоа го побарал семејството на девојчето и стапил во контакт за да одговори на нејзината порака.

Натали во 2013-та напишала кратка порака во која се претставува и се надева дека тој што ќе ја пронајде ќе и пише одговор. Без оглед што во пораката нема ништо возвишено воодушевува со фактот стигнало од Америка до Ирска, а особено што е испратена од тинејџерка во време кога сите комуницираат преку интернет.